Олимпијакос на колена пред Барселона

Барселона ја забележа и втората победа во низа од стартот на Евролигата откако каталонскиот гигант по голема битка славеше на тешкото гостување против Олимпијакос со резултат 68–77.

Мечот изобилуваше со пресврти, Барса имаше водство од 20-35 во втората четвртина, но грчкиот гигант успеа да се врати и на стартот од третиот период да израмни на 42-42. Пресудни беа последните пет минути од овој дерби дуел, во кои Олимпијакос влезе со предност од седм поени, но каталонците одиграа најдобро кога беше најважно, не само што направија целосен пресврт, туку на крајот стигнаа и до преубедлива победа.

Лапровитола со 17 и Абринес со 16 поени беа предводници на Барселона во оваа голема победа, додека најефикасни кај Олимпијакос беа Вокап со 14 и Питерс со 11 постигнати поени.

Се вчитува...