Олимпијакос подготвува „бомба“ и на тренерската клупа

Откако ги ангажираше Марсело, Хамес Родригез, Самасеку…, тимот на Олимпијакос подготвува „бомба“ и на тренерската клупа. После поразот од Ариз во грчкото првенство, тимот од Пиреја заостанува многу зад лидерот Панатинаикос, а за да ја стигне разликата подготвува нов тренер, односно втора тренерска смена сезонава.

Екс тренерот на ПСЖ, Лорен Блан води преговори со грчкиот тим, и ќе може да го замени Карлос Корберан кој пред неколку кола го презеде кормилото на тимот од Атина.

56-годишниот Блан во минатото го водеше и Бордо, а беше и селектор на француската репрезентација. Негов последен ангажман беше во Ал Рајан, од каде замина во февруари.

Се вчитува...