Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид ќе играат во финалето на Лигата на Европа

Олимпик Марсеј ќе му се спротистави на Атлетико Мадрид во финалето на Лигата на Европа, дуел кој ќе се одигра во францускот град Лион, откако успеа да го елиминира Салцбург дури по продолженија играјќи 2-1 во драматичниот реванш меч во Австрија. Салцбург во регуларниот дел поведе со 2-0 и ја анулираше негативата од првиот меч во Франција, а дуелот отиде во продолженија. Но, дефанзивецот Роландо, кој влезе во игра во продолжението, во 116.минута го постигна голот кој го одведе Олимпик Марсеј во големото финале.

Претходно, Атлетико Мадрид го совлада Арсенал со 1-0 на „Ванда Метрополитано“ и по ремито (1-1) од првиот меч во Англија, обезбеди виза за финалето во Лион.

Се вчитува...