Олимпик спорт 2007 најуспешен клуб на изборниот карате турнир за Светското првенство

Карате клубот Олимпик спорт 2007 беше најуспешен на Држаниот карате изборен турнир за Светското првенство кое ќе се одржи во Дубаи. Олимпик спорт освои четири златни медали, пред Макпетрол кој заврши со три и Штип и Фунакоши Гичин со два.

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов од КК Штип ја промени категоријата до 60 килограми со таа до 67 килограми каде исто така го освои златниот медал. Олимпијката Пулексенија Јованоска очекувано беше најдобра во конкуренција на ката жени.

Следниот викенд ќе биде одржан и плеј-оф турнир по кој ќе биде позната репрезентацијата на Македонија која ќе настапи на Светското првенство во Дубаи.

Целосните резултати можете да ги погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...