Една од најдобрите гимнастичарки на сите времиња, Олга Корбут (61) се соочува со тежок период во животот и за да преживее ги продава своите олимписки медали.
Белорусинката настапуваше под знамето на поранешен СССР и освои три златни и еден сребрен медал во гимнастика на ОИ во Минхен во 1972, а четири години подоцна на ОИ во Монтреал се закити со злато и со сребро.
Славната гимнастичарка која поради нејзината физичка конституција и висината од само метар и половина, ја нарекуваа „врапчето од Минск“, во историјата на спортот остана запишана како прва гимнастичарка која на натпревар извела салто на греда.
Олга Корбут од 1991 година живее во САД, но таму запаѓа во тешка финансиска состојба. Според руските медиуми, поранешната олимписка шампионка во 2000 година била фатена во еден супермаркет во Аризона како краде храна. Корбут и сега живее на раб на егзистенција и продажбата на олимписките медали на аукција за неа бил единстевн начин да се извлече од тешката ситуација. Од продажбата на медалите освоени во Минхен и во Монтреал заработила околу 200.000. На аукцијата поранешната олимпијка продала три златни и две средбрени медали, а едниот златен медал го подарила на музејот во Москва.
[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/c97cbbd1f4003c17cfd10e73a8876dfb.mp4″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА