Олисе доби понуда која не се одбива: Двојно поголема плата и одличен бонус

Полека но сигурно Мајкл Олисе прераснува во еден од најдобрите фудбалери на светот, а тоа би можел да го докаже и на актуелниот Мундијал. Беше еден од најдобрите играчи на Баерн Минхен минатта сезона, и јасно е дека клубот сега сака да му го продолжи договорот.

Според информациите, прво со новиот договор ќе му биде доплирана платата. Планот е да го продолжи договорот до 2031 година, со што би бил веднаш зад Кејн и зад Мусиала на листата најплатени кај „Баварците“.

ИСто така сакаат да подготват и одличен бонус за потпис на договорот – 22 милиони евра. Тоа е понуда која Французинот тешко ќе ја одбие, и покрај напорите на Реал да замине во Мадрид, сепка, би можел да остане на „Алијанц Арена“.

Се вчитува...