Оливеира најдобар на лудата трка во Индонезија

Португалецот Мигел Оливеира е победник на трката за големата награда на Индонезија, која се возеше на патеката „Мандалика“ во дождовни услови.

Возачот на КТМ победи на трката која поради лошото време беше одложена за еден час, а на неа не настапи Марк Маркез кој на утринскиот тренинг имаше пад на кој доживеа мозочен удар.

Второто место му припадна на актуелниот шампион Фабио Квартараро на Јамаха, додека подиумот го надополни Жоан Зарко на Прамак Дукати.

Се вчитува...