Оливер Кан полуде по вториот гол на Борусија Д. (ВИДЕО)

Оливер Кан, легендата на германскиот фудбал и на Баерн Минхен, и сегашен извршен директор на „Баварците“ во текот на својата кариера е познат по неколкуте „испади“ на бес и лутина. Тоа го покажа и вчера на натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, каде не можеше да ја сокрие својата лутина по вториот гол на Борусија за 2-2.

Откако неговиот тим прими гол, Кан да можеше ќе влезеше на теренот и ќе им делеше лекции на играчите.

„Момент кој ве тера да станете од столчето. Луд натпревар со фрустрирачки финиш за нас. Да се прими гол во последните секунди и навистина разочарувачки. Треба да преземеме одговорност за овој резултат. Моравме да го решиме натпреварот побрзо или да се браниме подобро. Но, сево ова е сега зад нас и мораме да се вратиме посилни што побрзо“, напиша Кан на социјалните мрежи. 

Се вчитува...