Олмо доби нов договор од Лајпциг

Тимот на Лајпциг работи на нов договор со шпанскиот репрезентативец Дани Олмо. Германскиот клуб го продолжи договорот со 24-годишниот играч до 2027 година, со кој ќе заработува 5-5,5 милиони евра по сезона.

Притоа во договорот не постои откупна клаузула, односно при интерес секој клуб ќе треба да преговара со германскиот тим. Лајпциг го купи Олмо од Динамо, и потпиша со него до 2024 година.

За Олмо се шпекулираше дека би можел да се врати во Барселона. Но, Лајпциг ги „издржа“ налетите од страна на каталонскиот клуб и успеа да го задржи, а сега играчот од средниот ред ќе потпише и нов договор со кој ќе биде „врзан“ за бундеслигашот и во следните пет години.

Се вчитува...