Олмо во јануари го менува Лајпциг за Барселона

Фудбалерот на Лајпциг, Дани Олмо уште во јануари би можел да ја промени средината и да се пресели во Барселона, пренесуваат германските медиуми. Барселона се нема откажано од неговиот потпис и затоа планира во јануари да го донесе на позајмица, а потоа на крајот на сезоната и да го откупи неговиот договор.

Сепак, покрај Барселона за неговите услуги се заинтересени и гигантите од Манчестер, Јунајтед и Сити кои исто така би сакале во своите редови да имаат фудбалер со неговиот калибар.

Олмо потекнува од школата на „Ла Mасија“ каде беше дел од 2007 до 2014 година. Тој се прослави во дресот на Динамо Загреб каде беше еден од најдобрите фудбалери, од каде минатата година премина во Лајпциг.

Се вчитува...