Олсен заминува од „Олимпико“, Кевин Трап можен наследник

Италијанскиот калчолигаш Рома ќе ангажира нов голман во летниот преоден рок. Трансферот на Робин Олсен не се покажа како добро решение, а тој веќе втор натпревар ќе биде на клупата за резерви. Тренерот Клаудио Раниери смета дека Антонио Миранте во моментот е подобар избор за голманската позиција.

Во меѓувреме раководството на „волчицата“ размислува за нов голман кој треба да пристигне по завршувањето на сезоната. Прв пик е Германецот Кевин Трап, кој брани во Ајнтрахт Франкфурт, но како позајмен играч од Пари Сен Жермен. Рома би сакала да го добие на едногодишна позајмица за следната сезона.

 

Се вчитува...