Омар Имери направи „кам-бек“ во Шкупи: „Посебно е чувството што се враќам“

На „Чаир“ во тимот на Шкупи се враќа добро познато име. После 3,5 години, во тимот се врати Омар Имери. Станува збор за крилен играч кој доаѓа од екипата на Бодрумспор како позајмен до крајот на сезоната.

„Посебно е чувството и среќен сум што се враќам во Шкупи, еден од клубовите во најголема традиција во земјава. Му благодарам на клубот за укажаната шанса. Тимот има многу квалитет и талентирани играчи, па од моја страна ќе дадам се од себе да ги оствариме целите на клубот“, рече Имери.

Имери беше во младинските категории на Шкупи и на Работнички, па потоа во сениорските категории на овие два тима, па во Шкендија од каде замина во Анталијаспор, па во Бодрумспор.

Имери игра на позицијата крилен напаѓач и треба да биде замената за Матеј Цветаноски кој замина во Ѓирмот.

Се вчитува...