Омејер: Секогаш е тешко да се игра против Вардар

Вардар и со изменет тим одигра извонреден натпревар против ПСЖ на турнирот во Стразбур, прокоцкувајќи седум гола предност за реми на крајот против еден оа најдобрите европски клубоови. Голманот Тиери Омејер има максимално високо мислење за „црвено-црните“, кои и со значително изменет состав дефинитивно поседуваат квалитет за да ги замрсат сметките на фаворитите.

„Бевме принудени да бркаме резултат речиси цел натпревар, но одигравме најдобро кога беше најважно и успеавме да израмниме и да избегнеме пораз. Треба уште да работиме, тоа е нормално во овој дел од подготовките, но моѓам да кажам дека воопшто не сум изненаден од Вардар. Тоа е голем клуб против кој е секогаш тешко да се игра“ – изјави Омејер.

 

Се вчитува...