Шампионот на Македонија, Вардар утре ќе го има своето деби сезонава во европските натпреварувања, откако на домашен терен ќе го пречека фински Купс, во натпревар од 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите.
Капитенот на „црвено-црните“, Азер Омерагиќ на денешната прес-конференција го најави утрешниот натпревар…
„Имавме добри подговки, посебен мотив е ова за Вардар после девет годони да игра во Лигата на шампиони. Како екипа размислуваме чекор по чекор првиот меч прво па после на реваншот“, изјави Омерагиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Купс ќе се игра утре со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
