Омерагиќ од Сараево: Убаво е кога фудбалот спојува луѓе…

Првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, испрати порака на пријателство по средбата што ја имаше со раководството на Фудбалската Федерација на БиХ пред вечерашниот дуел меѓу репрезентациите на двете земји.

„Секогаш е убаво кога фудбалот спојува луѓе со меѓусебна почит и искрено пријателство.

Одлична средба со пријателите од Фудбалската федерација на БиХ, предводени од Вицо Зељковиќ.

Благодарност за гостопримството во Сараево. На БиХ и посакувам многу успех на Светското првенство, да ја претставуваат државата гордо и достоинствено“, порача Масар Омерагиќ.

Се вчитува...