Смената се покажа погрешна: Она што Нагелсман го доживеа на 37 меча, Тухел успеа за само седум

Баерн Минхен и натаму е во длабока „кома“. Баварците имаа кошмарен месец, откако го сменија Јулијан Нагелсман од клупата и го донесоа Томас Тухел. Иако Тухел одлично стартуваше на клупата на Баерн со победа над Борусија Дортмунд, и се чинеше дека е донесено вистинското решение, сепак, следуваа шокови од кои Баварците можеби нема да се опорават.

Најпрво тимот испадна од Купот на Германија, откако беше поразен дома од Фрајбург. Потоа доживеа и елиминација од Лигата на шампионите од Манчестер Сити, а со денешниот „кикс“ од Мајнц, може да остане и без титулата првак на Германија.

Се чини дека смената на Нагелсман од клупата на Баерн се покажа како грешка. Нагелсман имаше три порази на клупата на „Баварците“ кога го водеше тимот на својот 37-ми натпревар, додека на Тухел тоа му „успеа“ на само седум меча.

Сега топката е префрлена на раководството на Баерн, кој му даде отказ на Нагелсман и го замени со Тухел, со надеж дека тимот ќе дојде до тројна круна, а на крајот може да излезе да не дојде до ниту една. Она што е загрижувачки за навивачите на „Баварците“ е тоа што Баерн пружа слаби партии и доаѓа до неуспеси со тимови како Хофенхајм и Мајнц, кога во минатото беше само прашање со колкава разлика ќе триумфира најтрофејниот германски тим.

Се вчитува...