Оп, селфи од Скопје…Покрај претседателот, и тимот на ТНС си направи фотки за спомен (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Велшкиот првак ТНС го одржа официјалниот тренинг на арената „Филип Втори“ во Скопје, во пресрет на утрешниот меч (20.15 часот) против Шкендија. Покрај претседателот, кој се ’фоткаше’ за спомен пред стадионот, и фудбалерите и стручниот штаб си го овековечија своето доаѓање во Скопје, и тоа среде тренинг. Ова секако остава впечаток дека тие се импресионирани од гостувањето, и дуелот со македонскиот првак.

ТНС секако не е баук, иако важи дури и за фаворит на хартија во овој двомеч против Шкендија.

Се вчитува...