Опасен судар на Алонсо на Инди 500 (ВИДЕО)

Поранешниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо се извлече неповреден од тешкиот судар што го направи за време натренинг на Индијанполис 500.

37-годишниот Шпанец вторпат се обидува да го освои ова натпреварување, но несреќата на тренингот е последниот во серијата пехови што му се случуваат годинава.

Мекларен направи нов тим за Инди 500 кој го предводи Алонсо во обидот да стане само вториот во историјата кој ја освоил неофицијалната тркачака „тројна круна“. Тој веќе триумфираше на Монако Гранд-при и на Ле Ман. Му останува уште Инди 500.

 

Се вчитува...