Општина Битола издвои 30.000 евра за Пелистер: Се отвора можноста за трансфери

Советот на Општина Битола денеска донесе одлука за дополнување на Одлуката за давање согласност на Договорот за доделување на финансиски средства на ФК Пелистер.

Како што информираа од општината, со оваа одлука се дозволува Пелистер да добие во моментов 2 милиони денари, или околу 30.000 евра, исплата на претходно утврдената квартална распределба на финансиските средства, како би се надминале проблемите со кои се соочува клубот.

Со овие средства ќе може да се покријат дел од тужените долгови на клубот со што би се ослободила забраната за трансфери на клубот.

Општина Битола, согласно договорот со акционерското друштво кое го води Пелистер, на годишно ниво издвојува околу 130.000 евра со фудбалскиот клуб.

Се вчитува...