Оптимистични најави – НБА ќе продолжи во јуни, финалето во август

НБА лигата во најдобар случај ќе продолжи во средината на јуни, пренесува ЕСПН. Најсилната лига во светот беше суспендирана минатата седмица поради пандемијата од коронавирус. Комесарот Адам Силвер тогаш најави дека натпревари нема да има најмалку во следните 30 дена.

Раководните лица на лигата ги чекаат проекциите од финансиските загуби, а на клубовите им е соопштено да размислат во кои термини во текот на летото може да играат плеј-оф натпревари. Наводно, се разгледува опцијата мечевите да бидат организирани пред празни трибини, а како можен датум за враќање се споменува средината на јуни. Плеј-офот би требало да се игра во јули, додека финалната серија ќе биде на почетокот на месец август.

НБА во меѓувреме им забрани на тимовите да одржуваат тренинзи, а на кошаркарите сепак им е дозволено да работата индивидуално.

Се вчитува...