Оптимизам на ниво – Словачка ќе падне во Скопје (фотогалерија)

Две ноемвриски победи беа доволни за да се промени атмосферата во кошаркарската репрезентација, па сите 16 кошаркари максимално расположени се појавија на денешниот прв тренинг во пресрет на дуелите со Словачка и со Швајцарија.

Желбата на сите е идентична – веќе на премиерниот дуел со Словачка да се забележи победа со која првото место ќе биде осигурано, а со самото тоа и пласманот во следната квалификациска рунда од Евробаскет 2021.

Селекторот Давитков е оптимист, исто како и сите кошаркари, свесни дека оваа генерација поседува поголем потенцијал од друштвото во кое моментно се наоѓа. Тоа секако ќе треба да се докаже на терен, па со триумф над Словачка да се направи чекор напред,  во обид да се стигне до место на Евробаскет 2021.

 

Се вчитува...