Организаторите на Ролан Гарос може да здивнат – Александар Зверев е негативен на коронавирус

Александар Зверев потврди дека е негативен на коронавирус истакнувајќи дека организаторите знаеле дека не се чувствува добро пред осминафиналниот меч. Зверев по поразот од Италијанецот Синер изјави дека се мачел да дише и дека му се слошило, што предизвика хаос дека можное да е во прашање коронавирус. Сепак, Германецот потврди дека резултатите за Ковид-19 се негативни и дека не е заразен со смртоносниот вирус.

„Добив резултати. Негативен сум. Нема коронавирус“, изјави Зверев. 

Сепак, тој тврди дека организаторите биле запознаени за неговата здравствена состојба, бидејќи турнискиот доктор му препишал лекови за грип.

Се вчитува...