Организаторите убедени – Австралија опен ќе почне навреме

Австралија опен ќе почне навреме и покрај загриженоста поради загаденоста на воздухот во Мелбурн. Од првиот ден во квалификациите, организаторот има проблем, бидејќи загадениот воздух лошо им влијае на тенисерите. И покрај сите проблеми, директорот на турнирот, Крег Тили изјави дека турнир како што е планирано ќе почне навреме.

„Многу има шпекулации дали Австралија опен ќе почне на време или ќе доцни. Ви гарантирам турнирот ќе биде одржан без проблеми“, изјави Тили. 

Тили додаде дека доколку поради загаденоста на воздухот, мора да се прекинат мечевите, тие ќе бидат префрлени на трите терени кои имаат кров. Првиот грен-слем во годината почнува во понеделник.

Се вчитува...