Орландо го отпушти тренерот по елиминацијата од Детроит

Џамал ​​Мозли е отпуштен од тренерската позиција во Орландо Меџик. Орландо не успеа да го победи Детроит во седмиот натпревар и со тоа да се пласира во полуфиналето на Источната конференција, што беше знак за челниците на овој клуб да се разделат со Мозли.

Тие го завршија лигашкиот дел на осмото место, но преку плеј-инот обезбедија учество во плеј-офот. Мозли со тоа ја напушта тренерската функција на Меџик по пет сезони, каде што успеа три пати да се пласира во плеј-офот, но никогаш не стигна до втората рунда.

Што се однесува до лигашкиот дел од сезоната, тој двапати ја освои титулата во дивизијата, ако тоа се смета за успех. Оваа сезона, тој имаше неколку несогласувања со главниот играч на тимот, Паоло Банкеро, поради што многу порано се зборуваше за отказ.

Се вчитува...