Оршиќ повторно ќе ги мачи Мурињо и Тотенхем – Арсенал тргнува по потписот на херојот на Динамо

Елиминацијата на Тотенхем во Лига Европа од страна на Динамо Загрев со златни букви ќе биде запишана во историјата на хрватскиот фудбал, а херјот на мечот на „Максимир“, Мислав Оршиќ се чини дека ќе добие заслужен подарок. Имено, како што пренесуваат медиумите на „Островот“, Хрватот е на радарот на лондонскиот Арсенал.

Микел Артета полека го склопува ростерот за похдот на Англија, а ова лето ќе бара нови засилувања на крилните позиции. Во овој фокус одлично се поклопува Оршиќ кој ја докажа својата класа со хет-трикот против составот на Жозе Мурињо, а во прилог на лондонскиот состав оди и цената на Хрватот која според ‘Трансфермаркт’ изнесува 7.5 милиони евра.

„Оршиќ се запиша во историјата со головите против Тотенхен, а многу лесно би можел следната сезона повторно да го „гњави“ Мурињо и Спарс. Артета во летниот трансфер рок нема да има премногу пари за нови играчи, а Оршиќ е потенцијалното одлично решение за неговите напаѓачки проблеми“, пишува The Sun.

Оршиќ веќе одби една понуда од Премиерлигаш минатата година, но тешко дека Хрватот би одолеал на понуда од тим со реноме како Арсенал.

 

Се вчитува...