Оршиќ пред заминување од Динамо – ја бира Италија или Англија

Еден од најдобрите фудбалери на Динамо Загреб, Мислав Оршиќ е пред заминување од клубот и интернационален трансфер. За неговите услуги се заинтересирани италијанската Џенова на нашиот Горан Пандев, како и англискиот премиерлигаш Барнли.

Оршиќ веќе две сезони блеска во дресот на „модрите“ за кои досега постигна 67 гола во 168 натпревари притоа тресејќи ги мрежите и во Лига Европа и квалификациите за Лигата на Шампионите. 29-годишникот е и репрезентативец на Хрватска, а доколку оствари трансфер истиот нема да биде под 10 милион евра, пренесуваат хрватските медиуми.

Заминувањето на Оршиќ на крајот на зимскиот преоден рок би создало проблеми за Динамо Загреб кој во моментот е изедначен со Ријека и Осјек на првото место на табелата во хрватското првенство со по 40 осовени бода, а го очекува и тешка средба со Севилја во разигрувањето од Лига Европа.

Се вчитува...