Осака: Ќе беше срамота да загубев за помалку од еден час

Јапонската тенисерка Наоми Осака стигна до втората титула на УС опен откако во финалето ја совлада Викторија Азаренка со 2-1 по сетови 1-6, 6-3 и 6-3. Не почна се најдобро за Јапонката бидејќи од првите девет гема, дури и осум и припаднаа на Белорусинката.

„Во тие моменти размислував само како би било срамота да загубам за помалку од еден час. Поради тоа морав да се потрудам и тотално да го променам начинот на игра. Искрено, и покрај победата не би сакала повторно да ја имам Азаренка за противник, таа е неверојатна“, изјави Осака по освојувањето на трофејот. 

За Осака ова е вкупно трета грен-слем титула во кариерата, а покрај двата трофеи во Њујорк има еден и од Австралија опен.

Се вчитува...