Осака се откажа од Шенжен

Наоми Осака предвреме го заврши настапот на ВТА шампионатот откажувајќи се од завршниот турнир пред денешниот дуел со Ешли Барти. Таа во првото коло ја совлада Петра Квитова, но притоа заработи нова повреда на десното рамо, поради што не беше во можност да продолжи со настап во Шенжен.

„Веднаш почувствував дека имам проблем. Се разбудив со голема болка следниот ден и ми беше јасно дека не можам да продолжам да играм. Разочарана сум, ова не е начинот на кој сакав да го завршам последниот турнир за годинава, но се надевам дека следната година пак ќе дојдам во Шенжен“ – изјави Осака.

Нејзиното место на ВТА-завршниот турнир го зазеде Кики Бертенс. Таа приреди големо изненадување во својот прв настап, совладувајќи ја Ешли Барти со 6-3, 3-6, 6-4.

Се вчитува...