Осамна порака: Борусија Дортмунд е фашистички клуб!

Бомбашкиот напад на автобусот на Борусија Дортмунд го згрози светот, а германската полиција интензивно работи на пронаоѓање на сторителите. Засега има две верзии за „виновниците“, едната е дека тоа е терористички напад од исламисти, а втората е дека зад чинот стојат антифашистичките здруженија од Германија.

На интернет сајт осамна ново писмо, во кое се тврди дека Борусија Дортмунд е симбол на злото и на фашизмот и дека клубот ги промовира лошите вредности. Токму затоа е изведен нападот, иако сторителите немаат ништо против самите фудбалери. Но, сепак, клубот ќе мора да ја промени својата генерална политика, која ја форсираат и нивните навивачи.

Синоќа автобусот на Борусија Дортмунд тргна кон стадионот „Сигнал Идуна парк“ на мечот од Лигата на шампионите против Монако, кога се случија три експлозии. Автобусот беше блиндиран, па за среќа е избегната голема трагедија. Најдебелиот крај го извлече Марк Бартра, кој мораше да замине на операција на раката.

fasistiski poraki

Се вчитува...