Оштетен паркетот во салата во Гостивар: Сега веќе сме сигурни дека некој не сака клубот да постои

Управата на КК Гостивар жестоко реагира на оштетувањето на паркетот во спортската сала во овој град, нешто што според челниците на клубот е сторено за време на настан што нема никаква врска со спортот.

Гостиварци во изминатиот период се жалеа на лош третман од градските власти и недоволна помош од општинскиот буџет, а според водечките луѓе во клубот, последниот случај со оштетувањето на паркетот е јасен знак дека некој во општина Гостивар сака клубот воопшто да не постои.

„Ако до сега не бевме сигурни, сега веќе можеме со сигурност да констатираме дека некој во општина сака нашиот клуб и гордост на градот да не постои. Нашиот паркет, во нашиот кошаркарски храм е уништен. Ако општината не го поддржува клубот во таа мера што треба и мора, туку и основните услови се уништуваат, а салата не се користи само од КК Гостивар. Еве јавно прашуваме: Кој ќе плати за штетата која е нанесена? Бараме јавна поддршка од сите што го сакаат овој клуб, веќе сами неможеме да се бориме“, се вели во реакцијата на управата на гостиварци, притоа објавувајќи и фотографии од тоа како изгледа салата во моментов.

Се вчитува...