Осијек го доби дербито на 25. коло во хрватското првенство откако славеше над Динамо Загреб со 1-0. Единствениот гол на мечот беше дело на Манче кој во 77. минута успеаја да ја затресе мрежата.
Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, но за жал не успеаја да му помогне на својот тим да стигне до триумф, додекa Адеми поради повреда го пропушти и овој натпревар.
Со новите три бода Осијек се искачи на врвот на табелата во Хрватска и во моментот има два бода повеќе од Динамо Загреб, но и натпревар повеќе од тимот од главниот град на Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА