Осум нови легендарни имиња во НБА Куќата на славните (ВИДЕО)

Кошаркарската НБА куќа на славните е побогата за нови осум имиња.

Во 2026 година, кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд запиша нови осум нови имиња кои се дел од златната историја на овој спорт.

Се работи за кошаркарот Амари Стадемаер, кошаркарките Кандис Паркер, Елена Деле Дон, Шамик Холдскло, тренерите Док Риверс, Марк Фју, Мајк Д’Антони и судијата Џои Крофорд.

Кандис, сестра на поранешниот играч на Макаби, а сега генерален менаџер на Орландо Меџик, Ентони Паркер, која освои три титули во ВНБА, две награди за најкорисен играч, две титули со Тенеси и два златни олимписки медали, се расплака кон крајот на својот говор.

Деле Дон, исто така, го искористи својот говор како љубовно писмо до играта, со сите подеми и падови низ кои поминала во текот на својата кариера. Но, таа секогаш успеваше да задржи позитивен поглед на животот, благодарение на нејзината постара сестра Лиса, која е слепа и глува.

Дон освои награди за најкорисен играч во 2015 и 2019 година, втора по ред откако ги предводеше Вашингтон Мистикс до нивната единствена титула.

Док Риверс има победено на 1.194 натпревари во регуларната сезона како тренер во НБА, шести со најмногу победи во историјата на лигата.

Се вчитува...