Оскар се посрамоти, промаши два пенали за Шангај СИПГ

Бразилецот Оскар имаше меч за заборав во Лигата на шампиони на Азија откако Шангај СИПГ загуби со 1-0 од Урава, меч на кој екс-фудбалерот на Челси беше голем трагичар.

Имено, по водството на јапонскиот клуб тимот на Шангај имаше два пенали за да го израмни резултатот, но и во двата обиди Оскар беше непрецизен, првиот беше одбранет од јапонскиот голман, додека вториот заврши надвор од рамките на голот.

Вистинска бламажа на фудбалерот за чиј ангажман Кинезите платија огромни 60 милиони евра.

Се вчитува...