Оскаровецот Лапорт – Му удри шамар на Модриќ, па падна како да го нокаутирал Мајк Тајсон (ВИДЕО)

Реал Мадрид има за мисија да ја анулира негативата од 4-3 од првиот натпревар против Манчестер сити на домашен терен вечерва во Лигата на шампионите како би стигнал до ново финале во елитното натпреварување.

Досегашниот дел од натпреварот не ни донесе фудбалски возбудувања, а потегот на вечерта го има дефанзивецот на „граѓаните“, Емерик Лапорт. По стартот на Касемиро над Де Брујне, дојде до мало „кошкање“ меѓу играчите на двата тима. Лапорт тргна кон Модриќ на кого му удри шамар, а во истиот момент падна како да го нокаутирал Мајк Тајсон.

 

Се вчитува...