Кошаркарот на Панатинаикос, Џеди Осман, би можел да ја напушти Атина и да се врати во Истанбул ова лето. Според турските медиуми, Осман би можел да го засили Ефес, кој наводно испратил понуда до Панатинаикос.
Осман е во Атина две сезони, но е отворен за разделба, а контактот со неговиот поранешен тим веќе е воспоставен.
„По заминувањето на Ергин Атаман од Панатинаикос, Осман е исто така на работ да се раздели со атинскиот клуб. Се очекува Ефес да му плати отштета на Панатинаикос, по што трансферот треба официјално да биде потврден“, пишува турскиот „Фанатик“.
Од 2011 до 2017 година го носеше дресот на Ефес од каде што отиде во НБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
