Шкендија е елиминирана во плејофот од Лигата на Европа. Розенборг победи со 0-2 во Скопје, а на тимот на Ќатип Османи му останува да жали за нереализираните шанси. Беа промашени два пенали. Османи вели, барем еден ако беше реализиран, ќе беше поинаку…
„Имавме иницијатива и добра игра до 65.минута. Пропуштивме многу шанси, промашивме два пенали. Потоа падна концентрацијата и Розенборг тоа го искористи. Мислам дека се ќе беше поинаку ако погодевме барем еден пенал. Тие беа досудени во вистински тајминг, но таков е фудбалот. Сега останува да жалиме за пропуштената можност и да се фокусираме на првенството. Мислам дека и на Шкендија, и на другите македонски екипи што играат во Европа, им недостига подобра подготовка од македонскиот шампионат. Ни треба поквалитетно првенство за да бидеме подобро подготвени. Научивме многу, и сега ќе се свртиме на домашните обврски“, изјави Ќатип Османи.
Тренерот на Розенборг, Рини Кулен, е задоволен од успехот на својот тим.
„Елиминиравме квалитетен тим. Мора да се признае, Шкендија имаше одлични шанси. Не реализира два пенали, иако мислам дека беа престрого досудени. Но, ние на крајот покажавме победнички карактер ои славевме и во Скопје. Со вкупен доминантен резултат се пласиравме во групната фаза од Лигата на Европа“, изјави Рини Кулен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА