Османи: Имаме одлична предност која не смееме да ја загубиме до крај на првенството

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи не го криеше задоволството од победата против Ренова (2-1) во градската дерби пресметка во 27. коло од ПМФЛ.

„Мислам дека сосема заслужено стигнавме до победата. Имавме и можности и за уште некој погодок но за нас најважни се трите бода. Со секоја едноподруго победа Шкендија е се поблиску до шампионската титула“ – – вели Османи.

Шкендија сега е со 12 бода предност во однос на второпласираниот Вардар…

„Имаме добра предност која не треба да дозволиме да ја загубиме до крај на шампионатот. Задоволен сум што против Ренова победивме и покрај отсуството на Алими и Захов. Бојку одговори добро со играта во средниот ред, а голманот Реџепи, иако немаше многу работа, мислам дека беше на нивото на задачата. Ова беше за нас петта победа по ред. Имавме можности и да ги ротираме фудбалерите изминативе натпревари, давајќи можност за одмор. Ако ги анализираме изминативе пет меч дефинитивно го постигнавме тоа што го сакаме“ – истакнува Османи.

Се вчитува...