Османи: Ќе ни треба гол и во Молдавија, секако веруваме во пласман понатаму

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи е задоволен од триумфот на неговата екипа во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Тетовци минимално со 1-0 славеа против молдавскиот шампион Шериф Тираспол, но и таа предност нуди можност за добар реванш меч и пласман во следната рунда натпревари.

„Остваривме минимална победа, жалиме што не е и поубедлива. Во првиот дел имавме одлични шанси, но не реализиравме. Во второто полувреме малку бевме и поодмерени, се повлековме, за да не примиме гол. Одиме со иста желба и во реваншот, ќе се обидеме да корегираме дел од грешките и се надеваме на најдобро и во Молдавија. Сигурно дека треба да се потрудиме да постигнеме гол и на гости доколку сакаме пласман во следната рунда натпревари во Лигата на шампионите“ – истакна Османи на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...