Османи: Одиме на победа и на вториот меч со ТНС

Македонскиот првак Шкендија е на чекор до пласман во следната рунда од квалификациите на Лигата на шампионите, откако го совлада ТНС на првиот меч со убедливи 5-0. Но, треба да се одработат и возвратните 90 минути во Велс. Утревечер, на „Парк стадион“ во Освестри, во 20 часот по македонско време, Шкендија ќе одигра уште еден натпревар со велшкиот шампион. Тренерот Ќатип Османи очекува уште едно квалитетно издание на својот тим и нова победа.

„Иако на првиот натпревар победивме со 5-0, нема да го намалиме темпото, ќе играме максимално сериозно, затоа што работата се уште не е завршена. Шкендија го респектира секој противник, се подготвува на речиси идентичен начин пред секој меч, и посакува победа. Сакаме да оствариме триумф и на утрешниот дуел, иако можеби ќе има неколку промени во нашиот состав“, изјави Ќатип Османи.

Капитенот Арменд Алими вели дека Шкендија ќе продолжи да игра во ист ритам и на реваншот, затоа што и не знае поинаку.

„Ние и утре ќе ја играме нашата препознатлива игра, со офанзивен пристап и за гол повеќе. Едноставно не знаеме поинаку. Се надевам дека ќе ги израдуваме повторно нашите фанови“, истакна Алими.

 

Се вчитува...