Османи: Оваа игра ни покажа дека Шкендија има сила за влез во групите од Лига Европа

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи го нагласи задоволството од изданието на неговиот тим на реваншот против австриски Салцбург и покрај несреќниот пораз и елиминацијата од ЛШ.

Османи вели дека токму изданието на тимот, посебно во второто полувреме, даваат силна надеж за успешен настап во плеј-оф рундата од квалификациите во Лигата на Европа. А, таму Шкендија најверојатно ќе го добие Розенборг кој е во предност пред ирски Корк сити.

„Заслуживме победа на реваншот, но ете место тоа по една наша грешка доживеавме и пораз. Но, токму оваа игра ни покажа дека Шкендија има сили за борба за влез во групите од Лигата на Европа. Без разлика на противникот знам дека нашиот тим во плеј-оф колото за ЛЕ максимално рамноправно ќе се бори за место во групната фаза што би било историски момент за Шкендија“ – истакна Османи на прес-конференцијата по дуелот со Салцбург.

Се вчитува...