Османи: Подготвени сме за дуелите со ТНС, веруваме во успех

Македонскиот шампион Шкендија ги реализира последните два дена од подготовките пред стартот на своето европско лето. Во вторник, од 20:15 часот на националната арена „Филип Втори“, Шкендија ја очекува првиот натпревар против велшки ТНС во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

По завршувањето на подготовките во Словенија, шефот на стручниот штаб Ќатип Османи вели дека неговиот тим е подготвен за тоа што го очекува против Велшаните.

„По сето она што го минавме може да кажам дека сме подготвени за дуелите против ТНС. Секако нашата желба е пласман во следната рунда натпревари од квалификациите во Лигата на шампионите, но мора таа желба да ја преточиме во добра игра на терен. Последните резултати од одиграните пријателски натпревари ни покажуваат дека фудбалерите се подготвени за европски пресметки“ – вели Османи.

Екипата на Шкендија, изминативе денови тренираше во својата база во Тетово. Утре се селат во Скопје каде ќе биде одработен и финалниот тренинг пред натпреварот во вторник.

Се вчитува...