Османи: Посакувана ждрепка, но не смее да се лажеме дека ќе биде лесно

Не е тајна дека во таборот на Шкендија со задоволство ја дочекаа денешната ждрепка за првите две квалификациски коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион во 1. квалификациско коло ќе се соочи со Њу Сентс од Велс, противник кој секако беше еден од напосакуваните…

„Да бидеме искрени тоа е добра ждрепка за нас. Ги посакувавме Велшаните и ги добивме. Но, да не се лажеме дека ќе биде лесно. Не смее да има никакво опуштање, мора максимално сериозно да пристапиме на двата меча доколку сакаме пласман во следното коло. Имаме доволно период да го анализираме противникот и добро да се подготвиме“ – вели стратегот на Шкендија, Ќатип Османи, кој не сака да размислува, пак, за второто квалификациско коло.

„Не се оптоваруваме со тоа што не чека во 2. коло, затоа што најпрво треба да се мине велшкиот тим. Па, потоа ќе размислуваме за следните предизвици“ – истакнува Османи.

Се вчитува...