Османи: Првиот дел бевме во грч, но потоа комплетно доминиравме

Шкендија е четвртиот полуфиналист во Купот на Македонија, откако денеска во Тетово го декласира Вардар со 4-0 во реванш мечот од четвртфиналната рунда. Се чини дека Вардар сам си пресуди со одлуката да допатува со полу-младински тим, а Шкендија тоа умееше да го казни во второто полувреме. Хет – трик постигна Бесарт Ибраими, а во листата на стрелците се запиша и Висар Муслиу.

Тренерот Ќатип Османи е задоволен поради триумфот и смета дека неговиот тим одиграл одлично во второто полувреме.

„Ја остваривме целта и се пласиравме во полуфиналето на Купот. Во првиот дел бевме во некој грч, но потоа се ослободивме и заигравме во свој стил, постигнувајќи и четири гола. Победивме убедливо и мислам дека уште еднаш потврдивме дека оваа сезона имаме потполна доминација во македонскиот фудбал. Ја посакуваме двојната круна и ќе продолжиме до крај да се бориме за освојување на пехарите“, изјави Ќатип Османи по триумфот против Вардар.

Се вчитува...