Османи: Секоја чест за Салцбург, но ние веруваме во успех

Македонскиот првак Шкендија утре (19 часот) му гостува на Салцбург во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тренерот Ќатип Османи и капитенот Арменд Алими истакнаа дека австрискиот шампион е фаворит во пресрет на двомечот, но и потенцираа дека веруваат во успех.

„Среќни сме што сме тука, и ќе се соочиме со голем тим каков Ред Бул Салцбург. Тоа е силен ривал, мошне квалитетен тим, што секако за нас ќе претставува тешка пречка. Го анализиравме нивниот стил на игра и знаеме што не очекува. Подготвени сме за предизвикот и веруваме во нашите можности. Јасно е дека треба да бидеме максимално фокусирани и да одработиме на врвно ниво, доколку сакаме да се надеваме на успех“, изјави тренерот Ќатип Османи.

Капитенот Арменд Алими вели дека на ова ниво, грешки не се дозволени, затоа што во Лигата на шампионите секоја грешка скапо се плаќа.

„Знаеме дека сме дел од третото коло во квалификациите за ЛШ. Ова е ниво во кое грешки не смееме да си дозволиме. Ќе го дадеме својот максимум, мотивирани сме многу и се надеваме на поволен епилог. Мислам дека ние немаме што да загубиме против Салцбург, а можеме да добиеме многу“, истакна Алими.

Се вчитува...