Османи: Шкендија има шампионски карактер

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи, не го крие задоволството откако неговиот тим повторно славеше над Вардар, овојпат на дербито во Скопје со 2-3. Тетовци со оваа победа сега имаат огромни 23 бода во однос на бранителот на трофејот, наоѓајќи се само на еден чекор до осигурува на шампионскиот трофеј.

„Дури и со пораз или со реми ќе бевме шампиони на крајот, но оваа победа е многу значајна за нас бидејќи е забележана над актуелниот првак Вардар. Во прввото полувреме не иискористивме неколку шанси по голот на Ибраими, кога можевме да поведеме со 2-0 или 3-0, па тие ги казнија нашите грешки. Вардар потоа поведе од пенал, но посебно сум задоволен од начинот на кој покажавме карактер на шампиони, се вративме и го свртевме резултатот во наша полза“ – изјави Ќатип Османи по денешната победа.

Шкендија во следното коло го пречекува Шкупи, кога тетовци ќе ја имаат првата „меч-топка“ за освојување на титулата.

Се вчитува...