Османи: Штета што не дадовме гол, имавме убави шанси…

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, не може да биде задоволен од конечниот исход на гостувањето против Салцбург, меч што неговиот тим го загуби со 3-0 и сега има само теоретски шанси за пласман во следната рунда. Искусниот стратег на прес-конференцијата по мечот изрази жалење што неговите избраници не постигнаа барем еден гол, што сигурно ќе им ги зголемеше шансите на реваншот во Скопје.

„Факт е дека не го почнавме натпреварот како што посакувавме. Како што минуваше времето се консолидиравме и создадовме убави шанси, вистинска штета е што не ги искористивме. Ова е лош резултат, тука нема дилеми, но ние во секој случај максимално ќе се подготвиме за реваншот во Скопје. Колку и да се мали шансите, ние нема да престанеме да веруваме во чудо, иако ќе повторам – резултатот воопшто не ни оди во полза“ – истакна Османи.

Се вчитува...