Осогово се засили и со Игески и Велевски

Со засилено темпо во финишот на преодниот рок второлигашот Осогово од Кочани продолжува да ја комплетира екипата за пролетниот дел од сезоната во Втората лига Исток. Најнови имиња во редовите на кочанци се Александар Игески и Дејан Велевски, фудбалери со со прволигашко педигре.

Игески е голман на 25-годишна возраст кој есенскиот дел од полусезоната го мина во Гостивар. Овој чувар на мрежата неколку години наназад беше дел од Првата лига, настапувајќи за Металург и Хоризонт Турново, а беше дел и од Беласица, Локомотива и 11 Октомври.

Велевски е централен дефанзивец кој има 24 години, а кон „жолто-сините“ пристапува од тимот на Силекс. Исто како и Игески, така и Велевски важи за прволигашки играч кој покрај за тимот од Кратово има настапувано и за Младост Царев Двор, 11 Октомври, Пелистер, Новаци и Вардар Неготино.

Се вчитува...