Осогово со шест нови имиња ги стартуваше зимските подготовки

Второлигашот Осогово пролетниот дел од шампионатот го очекува максимално амбициозно со шест нови засилувања преку кои ќе се бара стабилно одржување на второлигашкиот статус.

Тимот од кочани на стадионот „Никола Мантов“ ги стартуваше зимските подготовки со 20 фудбалери меѓу кои и најновите засилувања, голманот Петар Јаневски (Брегалница Штип), Владимир Жоглев (Победа Валандово), Христијан Митревски (Победа Валандово), Никола Стоиловски (Академија Пандев), Никола Костадинов (Победа Валандов) и Слаѓан Митевски (Силекс).

Сепак, како што велат од Осогово до почетокот на пролетниот дел очекуваат уште четири нови засилувања кои ќе го комплетираат играчкиот кадар.

Што се однесува во однос на екипата која што минатата полусезона настапуваше, на пролет дел од тимот нема да бидат Игорчо Данев кој ја заврши кариерата како и Петар Лазаров, Пепи Данилов, Благојчо Коцев, Мирче Натков, Борче Максимов, Кире Стојков, Драгослав Здравков и Мартин Ѓорѓиев поради лошите и катастрофални резултати во првиот дел од сезоната, како и недисциплина.

Осогово, за време на зимската пауза планира одигрување седум контролни натпревари:
Осогово – Кожув (04.02.2018, недела во Кочани)
Победа Прилеп – Осогово (07.02.2018, среда во Прилеп)
Осогово – Тиквеш (11. 02. 2018 во Кочани)
Дубочица – Осогово ( 17. 02. 2018 во Лесковац, Србија)
Осогово – Кит Го Пехчево (21.02. 2018 во Кочани)
Македонија Ѓорче Петров – Осогово ( 24.02. 2018 во Скопје)
Осогово – Детонит (03.03. 2018 во Кочани)

Се вчитува...