Остана без Ол-стар меч и еден милион долари, па се расплака пред камерите… (ВИДЕО)

Французинот Руди Гоберт, заедно со Лука Дончиќ, е уште еден губитник во гласањето за Ол-стар мечот од НБА лигата. И Гоберт не се најде во ростерот за традиционалниот натпревар на најдобрите кошаркари во НБА лигата.

Зборувајќи пред камерите на оваа тема, Французинот едноставно не можеше да се воздржи па во еден момент заплака…

„Ми се јави мојата мајка и плачеше. Ми беше тешко, но така е како“ – успеа да изусти неколку збора потресениот француски кошаркар пред новинарите.

 

Гоберт минатата сезона беше прогласен за најдобар дефанзивец во лигата. Во актуелнава сезона има повеќе од респектабилен ефект, водечки во неколку статистички категории но медиумите, навивачите и тренерите мислеа дека има подобри од него.

А, Французинот дефинитивно е тажен поради изоставањето од Ол-стар мечот и поради загубата на еден милион долари. Пред две години центарот потпиша 100 милиони долари вреден договор со Јута, со што стана најплатен француски спортист во историјата. Во тој договор има и клаузула која вели дека Гоберт ќе добие милион долари плус ако се најде на НБА Ол-стар мечот.

Се вчитува...