Останаа без СП, а селекторот ја најде вината во – црна магија!

Фудбалската репрезентација на Конго, направи голем изненадувачки пласман во баражот за пласман на Светско првенство, откако ја победија Нигерија по драматично изведување на пеналите.

По 120 минути игра, резултатот беше 1:1, а на крајот Конгоанците славеа по пеналите, и со тој триумф се пласираа за Интерконтиненталните квалфикации, последната пречка кон Мундијалот.

Иако Нигерија влезе во натпреварот како фаворит, ДР Конго покажа голема цврстина и организација, а победата предизвика еуфорија кај нивните навивачи. Сепак, крајот на средбата беше обележан со тензии и инциденти.

Селекторот на Нигерија, Ерик Шеле тешко ја поднесе елиминацијата, и влезе во вербална и физичка пресметка со членовите на клупата на противничкиот тим. Во изјава по мечот изнесе и бизарни обвинувања.

„Член од стручниот штаб на ДР Конго правеше вуду (црна) магија за време на изведувањето на пенали. Тоа ме  направи нервозен, и решив да се соочам со него. Истураше течност од шише, и не сум убеден дека беше само вода“, рече селекторот на Нигерија.

Се вчитува...